Willie HSU

Independent Distributor

4168388010

willie@flp.com

Производите на Форевер

ФОРЕВЕР се посвети да ги бара најдобрите природни извори на здравје и убавина и да ги сподели со светот. Комбинирајќи го најдоброто од природата и од науката, Форевер Ливинг Продактс предлага уникатни и квалитетни производи, кои можат да ви помогнат да изгледате и да се чувствувате подобро. Од додатоци во исхраната и козметика до производи за лична нега и за домот.

Пијалоци - Уживајте во придобивките од алоето во неколку видови на алое вера гел од Форевер. Основната состојка е гел од алое, кој е одличен здрав додаток на секојдневната исхрана. Пијте било кој од пијалоците секој ден, за да ја поддржите дигестијата и апсорпцијата на корисни материи од храната, за да му обезбедите на телото витамини, минерали и аминокиселини. Пијалоците од алое на Форевер се ваш сопатник во здравиот начин на живот.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Исхрана - Нашите додатоци во исхраната се направени од најчистите состојки, одгледани или собирани од најдобрите извори и произведени со помош на најсовремени технологии. Секој производ ги задржува природните хранливи вредности и придонесува, како за добро здравје, така и за вашето спокојство.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Пчелни производи - Форевер Ливинг Продактс ви нуди извонредна гама од 100% природни пчелни производи. Користиме најмодерна, специјална опрема за собирање и чување на состојките во услови најблиски до природните. Сите наши пчелни производи - мед, матичен млеч, пчелен полен и прополис, се природни и богати со хранливи состојки и доаѓаат од кошниците директно до вас во истиот вид во кој медоносните пчели ги произведуваат со илјадници години!

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Контрола на тежината - Денес се повеќе луѓе посветуваат внимание на тежината и се стремат да живеат здраво. Каква според вас е идеалната диета? Треба да е вкусна и лесна за следење, да ја зголемува енергијата и секако, да ви помага да ослабете. Имаме добри новини! Нашите производи за контрола на тежината го нудат сето ова и уште повеќе. Со нив можете да ја постигнете посакуваната тежина.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Нега на кожата - Кожата е нашата основна заштита во секојдневната борба со загадувањето и иритацијата од околната средина и затоа заслужува добра нега. Традиционалната употреба на алое вера е за смирување на кожата и тоа е клучната состојка во нашите козметички програми. Го комбиниравме најдоброто од природата и науката, за да направиме производи за специфични типови кожа и потреби, за да ја сочуваме млада и свежа подолго време.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Етерични масла - Човечките сетила имаат огромна моќ и во голема мера влијаат врз мислата, расположението и други мозочни функции. Со нивна помош ја доживуваме средината во која се наоѓаме. И несомнено мирисот е едно од најмоќните сетила. Откријте ја моќта на етеричните масла Форевер.

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ

Лична нега - Форевер Ливинг Продактс ги комбинира корисните својства на гелот од алое вера со најквалитетните состојки за да ви понуди гама од неспоредливи производи за лична хигиена. Тие ќе ве покријат со чисто, стабилизирано алое вера од главата до петите. Од лосиони и гелови, до шампони и производи за чистење, производите за лична хигиена ќе ви помогнат да изгледате и да се чувствувате одлично!

НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ